You are not logged in. (Login)
  • За време на курсот студентите се подготвуваат да известуваат, пишуваат и да презентираат за ТВ. Курсот предвидува анализи и насоки за тоа како да се известува без субјективност и предрасуди. Посебно внимание ќе им посвети на развивање и усовршување на вештините за работа на ТВ. Комбинацијата од предавања, дискусии, работа во мали групи и индивидуално, како и работата на терен и во работилници, ќе им овозможи стекнување знаења за основите и медиумот.

  • Овој курс на студентите ќе им пренесе знаења и, пред се обука, за да можат да развиваат идеи за медиумски концепти, платформи и медумски продукти во согласност со потребите на медиумскиот пазар, или во согласност со модерните светски трендови и искуства. На студентите ќе им бидат предочени сите неопходни знаења и концепти на размислување кои ќе им помогнат да конципираат, дизајнираат и да продуцираат прототипи на медиумски продукти за печатени и електронски медиуми, како и за интернет.

  • Овој курс има за цел да ги предочи сите елементи на комплексниот однос што во архитектурата на едно демократско општество ја градат политиката, економијата и културата заедно со медиумите. Курсот вклучува меѓународни искуства, но посебно внимание ќе им биде посветено на овие односи во нашата земја. Курсот ќе ја нагласи улогата на медиумите кога се известува за различности и за плурализам на мислења, како и за сензитивноста на прашањата кои се однесуваат на етничките, религиозните, половите разлики, како и темите кои опфаќаат социјални прашања, сиромаштија, развој и јавно здравје. Соодветно внимание овој курс ќе му посвети на новиот тренд – концептот на граѓанското новинарство, кое според своите принципи ја остварува улогата на медиумски посредник на заедниците внатре во едно општество.

  • Стекнување на напредни познавања од лингвистиката, стилистиката, фразеологијата, лексикографиката и зборообразувањето во англискиот јазик, композицијата на излагањето и пишувањето, како и на познавања за особините на креативниот говор и пишување.

  • Предметот е фокусиран на неколку аспекти. Најнапред на природата на економијата како наука и спецификите на научниот метод. Во тој контекст и прашањата за основите на економскиот раст и развој, економските циклуси, потрошувачката, штедењето, инвестиции, невработеноста и инфлацијата. Во исто време, во сферата на социологијата, одредувањето на основни социолошки категории и групи (маса, публика, јавност), теориите и теоретските модели во политичката социологија, политичката социјализација, политичката идеологија, демократијата и недемократијата, емпириската традиција и новите правци на социологијата на масовното комуницирање.