You are not logged in. (Login)
  • Во текот на семестарот студентите учат да препознаат што е вредно да биде вест и ќе ги совладуваат вештините за генерирање новинарски стории. Ќе учат за извори на информирање и ќе практицираат работа со нив. Студентите ќе ги совладуваат техниките за прибирање информации (набљудување, интервјуа, пребарување бази на податоци, анализи...). За време на курсот ќе учат за агол на новинарската сторија, како и за целните групи. Курсот ќе им ги предочи главните карактеристики на одделните новинарски медиуми.

  • Во почетокот на семестарот, студентите ќе се запознаат со карактеристиките на јазикот во медиумите. Потоа ќе ги изучуваат базичните стилистички преференции. Следната фаза е совладувањето на техниката на структурирање на вестите (агол, принципи на структурирање, определување на лидот). По изучувањето на другите елементи на структурата, студентите ќе ги совладаат техниките на пишување во двата основни жанра: вест и извештај.

  • Предметот е фокусиран на стекнување основни сознанија за создавањето и развојот на политичкиот систем, класификацијата на политичките системи, демократијата како политички систем, организацијата на власта и политичкиот систем, локалната самоуправа во политичиот систем, изборите и изборните системи, уставноста и законитоста во политичкиот систем, основните слободи права на човекот и граѓанинот, бирократијата и технократијата и политичкиот систем, информациско-комуникацискиот систем во рамките на политичкиот систем, политичката култура, јавното мислење и политичкиот систем.

  • Предметот е фокусиран на хронолошки развој на новинарството и масовните медиуми, со посебен осврт на светските медиуми и медиумската индустрија, промените и развојните трендови во печатот и радиодифузијата. Во анализата посебно внимание е посветено на медиумскиот пејсаж во Република Македонија, развојот, промените, трендовите во печатот и електронските медиуми, компаративно во однос на медиумските системи во други држави. Како посебен сегмент ќе биде третирана масовната публика, нејзините потреби и интереси, нејзината сегментација.

  • Курсот почнува со историјата на современиот македонски јазик. Продолжува со изучување на фонетиката, морфологијата и зборобразувањето. На крајот на курсот обемно и детално се изучува граматиката на македонскиот стандарден јазик, правописот и правоговорот.