You are not logged in. (Login)
  • Курсот почнува со изучување на потребите и навиките на „неговото височество читателот“, а со тоа и на философијата на печатот воопшто. Потоа студентите ќе стекнат дополнителни техники на пишување, прилагодени на спецификите на медиумот. Особено ќе се посвети внимание на техниките на редактирање и саморедактирање. Следува совладување на основните новинарски задачи во редакциски услови (известување врз основа на пишани соопштенија, говор или изјава, прес-конференција, известување за јавен протест, за несреќа, за судски процес итн). Курсот завршува со запознавање на вештината на организирање и менаџирање на весник, водење уредувачка политика итн.
  • Студентите ќе ги совладуваат техниките за прибирање информации (набљудување, интервјуа, пребарување бази на податоци, анализи...). За време на курсот ќе се запознаваат со природата на различните извори, како да читаат статистика и на кој начин да развиваат стратегии за пребарување и прибирање нформации.

  • Во почетокот на семестарот, студентите ќе се запознаат со напредните стилистички преференции во пишувањето и ќе добијат дополнителни насоки и совети. По совладувањето на методите на стандардно или класично структурирање на новинската приказна, што е основна тема на почетниот курс, студентите сега ќе ги совладуваат техниките на наративно пишување. Потоа ќе ги изучуваат правилата на структурирање и пишување во жанровите мека вест, мека приказна (фичерс), репортажа, коментар и интервју.

  • Напредниот курс темелно ја изучува синтаксата на современиот македонски јазик, но и основите на стилистиката, лексикологијата, дијалектологијата, ономастиката, семиотиката, семантиката, лингвистиката и нејзините социолошки аспекти и сл. На крајот на курсот внимание се посветува на културата на говорот.

  • Студентите ќе ги учат историјата и апликацијата на фотографијата во печатените и во другите медиуми. Тие суштински ќе ја проучуваат тезата која вели дека “фотографијата заменува илјада зборови“, како и сите комуникациски принципи на фотографскиот медиум. Студентите ќе ги изучуваат и практицираат фотографирањето за медиуми и ќе ги совладаат основните и напредните вештини во однос на фотографската техника;

    Една од приоритетните теми на овој предмет е фотоновинарството и категориите во фотоновинарството.

    Студентите ќе ги осозноваат правилата на графичкиот јазик и дизајн. Тие ќе ги изучуваат и практикуваат модерните трендови во однос на организирањето на графичките елементи.