Студентите треба да начуат што е тоа радио новинарство, кои се спецификите и карактеристиките на радиското новинарско изразување, да научат да пишуваат за радио и да говорат во соодветрен радиски стил, односно да умеат да го користат гласот, да ја препознаваат важноста на звукот, да подготвуваат прилози и да бидат продуценти.
Радиото како медиум кој нуди огромни можности за разновидни новинарски изрази меѓу кои и интервјуто како доминантен основен новинарски жанр каракетристичен за сите медиуми, репортажата како посебено специфична радиска форма и портретот карактеристичен и за печатените медиуми.
Ова е особено важно за идните новинари кои така ќе ги збогатат и своите вештини и стилот на изразување.
Предметот ги третира клучните институционални решенија во медиумската сфера, почнувајќи од основното човеково право на информирање и пристап до информации, регулаторните, како и саморегулаторните механизми во градењето на медиумската политика. Анализата има компаративен карактер, медиумската регулатива во Република Македонија наспроти регулативата во другите држави во Европа и нејзина компатибилност со регулативата во рамките на Европската Унија. Третирани ќе бидат клучните нормативни (законски) решенија во функција на развој на современ медиумски систем.
- Предавач: виш предавач м-р Снежана Трпевска
- Предавач: Зоран Ричлиев

За време на овој курс студентите ќе учат како компјутерски да дојдат до информација и да јаанализираат за пократко време; да обезбедат повеќе контекст за податоците што ги имаат; да најдат и да развијат идеи за стории, приказни, користејќи он-лајн извори. КАР-алатките се неопходни особено за истражувачко новинарство. Студентите ќе учат да работат во табели и датабази за паметно поставување прашања и барање одговори поткрепени со бројки. Ќе се обучуваат ефикасно да работат во Excel и Access
Курсот ќе ги проучува основите на новинарската етика во која се двата принципа: етиката, односно идеалното однесување спрема кое новинарот стреми за да биде морален како човек и професионалец; и законот, односно минималниот правен стандард под кој секоја новинарска активност е подложна на судска санкција или на морален суд.
Курсот ќе ги опфати големите етички идеи и системи, како и нивната апликација во модерното новинарство. За време на курсот ќе се совладуваат учењата на доброто новинарство кое вели дека тоа е еднакво на добри вештини во професијата, на критички ориентираниот ум и на етички засновани размислувања и одлуки.
Стекнување на знаења од областа на морфологијата, морфосинтаксата, лексикологијата, лексикографиката и зборообразувањето во англискиот јазик, како и познавања за комуникативните особини и структурата на усниот и писмениот исказ во англискиот јазик.
