Фотографија, графика и дизајн
(Фотографија, графика и дизајн)
This course requires an enrolment key
Студентите ќе ги учат историјата и апликацијата на фотографијата во печатените и во другите медиуми. Тие суштински ќе ја проучуваат тезата која вели дека “фотографијата заменува илјада зборови“, како и сите комуникациски принципи на фотографскиот медиум. Студентите ќе ги изучуваат и практицираат фотографирањето за медиуми и ќе ги совладаат основните и напредните вештини во однос на фотографската техника;
Една од приоритетните теми на овој предмет е фотоновинарството и категориите во фотоновинарството.
Студентите ќе ги осозноваат правилата на графичкиот јазик и дизајн. Тие ќе ги изучуваат и практикуваат модерните трендови во однос на организирањето на графичките елементи.
- Предавач: Филип Антовски
- Предавач: м-р Тони Васиќ

